Ratings & Reviews performance provides an overview of what users think of your app. Here are the key metrics to help you identify how your app is rated by users and how successful is your review management strategy.
Подобрената мобилна апликација Telekom MK ви ги нуди сите информации за вашата искористеност на интернет, минути, роаминг и SMS на вашите мобилни броеви, воедно е најдобрата алатка за едноставно и лесно следење на сите ваши фиксни и мобилни услуги на едно место. Дополнително, Telekom MK ви нуди најбрз и најбезбеден начин да ги платите вашите сметки и да надополните припејд ваучер. Управувајте со вашите и услугите на вашите најблиски насекаде во секое време. Што нуди Telekom MK? 1. Едноставно следете ја потрошувачката – сѐ на почетниот екран. • Проверете во секое време колку минути имате потрошено и колку преостануваат • Имајте преглед на потрошувачката на мобилен интернет брзо и едноставно • Следете повеќе додадени услуги: управувајте со услугите на вашите најблиски преку додавање на нивните проеви на вашиот профил • Dark mode тема на апликацијата: персонализирајте го изгледот на апликацијата според вашите преференци и лични потреби 2. Управувајте со повеќе услуги на едно место • Управувајте со сите услуги со едноставен преглед: разговори, SMS, роаминг, интернет пакети и фиксни услуги • Управувајте со додадени броеви од вашите најблиски • Додадете нови броеви на вашиот профил едноставно и брзо 3. Имајте преглед на деталите за услугите и активации на дополнителни пакети • Добивајте известување за месечните сметки и нивниот статус • Купете дополнителни пакети за разговори, SMS, роаминг и интернет 4. Платете ги вашите сметки или сметките на други со внесување на бројот на фактурата или со скенирање на баркодот на хартиената сметка. • Детален преглед над сите ставки во вашиот месечен износ за плаќање • Платете повеќе сметки одеднаш • Платете електронски со кредитна или дебитна картичка • Добивајте нотификации за навремено и редовно плаќање на сметките • Проверете ги платените сметки од минатите месеци 5. Дополнување на припејд ваучер • Уживајте во ексклузивните понуди само преку Telekom MK и бидете во тек со останатите понуди • Надополнете го вашиот припејд ваучер или на друг Телеком број • Едноставно активирајте дополнителни пакети 6. Помош и поддршка • Контактирајте со корисничка поддршка преку Live chat • Добијте одговори на често поставените прашања во секцијата за Помош и поддршка • Пријавете можни пречки во користењето на Телеком услугите, детектирајте ги и решете ги во најбрз можен рок преку опцијата Виртуелен техничар • Следете ја состојбата на пријавените пречки во користењето на Телеком услугите и дознајте веднаш штом истите се отстранети